20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСируп против настинки и грип кој можете сами да го направите

Сируп против настинки и грип кој можете сами да го направите

Не фрлајте пари на скапите лекови и препарати против настинка кога самите во домот можете да направите сируп кој е многу поефикасен од било кој лек.

Залади времето, а со тоа настапуваат и досадните настинки. За овој народен лек се потребни само три состојки, а можете да го направите многу лесно и брзо.

Подготовка: исецкајте лимон и ѓумбир на кришки и ставете ги во тегличка така што ќе оставите малку простор на врвот, а потоа прелијте ги со мед, така што ќе ја наполните тегличката. Оставете ја тегличката во фрижидер да отстои со цел состојките да се измешаат.

Сирупот можете да го консумирате директно – една кафена лажичка пред појадокот или можете да го пиете со оладен чај, така што ќе го дадете во вашиот омилен чај откако тој малку ќе се олади, со цел да не се уништат корисните материи во топлата вода од чајот.

Овој сируп има антибактериско дејство и неверојатно е ефикасен против настинките и грипот. Особено е делотворен за отстранување на болки во грлото, а оние кои го пробале велат дека ниту еден лек не може да се мери со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП