3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во светот падна на ниво пред финансиската криза

Невработеноста во светот падна на ниво пред финансиската криза

Невработеноста во светот благо опаднала во минатата година, достигнувајќи повторно до нивото од пред финансиската криза од 2008-ма година, но изгледите остануваат неизвесни поради зголемените макроекономски ризици. Ова беше соопштено во годишниот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) при ОН, цитиран од светските агенции.

Во 2018-та година во светот имало 172 милиони невработени, што одговара на нивото на невработеност од 5 проценти (наспроти 5,1 проценти во 2017-та година), што беше и во 2008-ма година.

Глобално нивото на невработеноста треба да се зајакне на 4,9 проценти во 2019-та и 2020-та година, ако светската економија сака да успее да избегне „голема рецесија“, се наведува во објавеното предвидувања на „МОТ“.

„Нивото на невработеност практично мора да остане непроменето во годините што доаѓаат“, се вели во извештајот.

„Сепак прогнозите за невработеноста се многу несигурни поради економските, финансиските и геополитичките ризици. Всушност веќе има знаци за влошување на глобалните економски перспективи, за што сведочи и ревизијата кон намалување на прогнозите на ММФ за растот“, предупредува извештајот.

Дури и ако нема рецесија, порастот на светското население неизбежно ќе доведе до зголемување на невработените (173,6 милиони во 2019-та година и 174,3 милиони во 2020-та година), бидејќи пазарот на труд нема да успее да ги преземе сите „новодојдени“.

Во својот годишен извештај за вработувањето и социјалните прашања во светот, „МОТ“ нагласува исто така дека е најтешко надминувањето на разликата меѓу нивото на вработеност кај мажите (75 проценти) и кај жените (48 отсто) најмногу во арапските земји, Северна Африка и Јужна Азија.

„По период на брзо подобрување, кој трае до 2003-та година, напредокот во надминувањето на разликата во вработеноста кај мажите и жените е забавена“, тврдат од „МОТ“.

Друг проблем, утврден од извештајот е зачувувањето на неофицијалното вработување (непријавувањето на работната сила) – категорија, во која влегуваат 2 милијарди работници.

„Да имаш работа не гарантира секогаш дека водиш пристоен живот. Доказот е тоа дека 700 милиони луѓе живеат во состојба на сиромаштија или на умерена сиромаштија, иако имаат работа“, изјави во соопштението директорот на одделот за истражувања на „МОТ“, Дамјан Гримшоу.

Генерално, сепак „МОТ“ утврдила значителен пад во бројот на сиромашните работници во последните 30 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП