3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудија: На Германија и се потребни мигранти надвор од Европа

Студија: На Германија и се потребни мигранти надвор од Европа

На германскиот пазар на трудот потребни се најмалку 260.000 имигранти секоја година на среден и долг рок, според анализата на Фондацијата „Bertelsmann“. Со стареењето на населението во земјата, бројот на вработени (ако нема мигранти) ќе се намали за околу 16 милиони до 2060-та година – речиси една третина.

До 2060-та година, на Германија ќе и биде потребна годишна имиграција од најмалку 260.000 луѓе. Само на овој начин демографскиот пад на понудата на работна сила може да се ограничи на ниво кое е прифатливо за економијата. Во просек околу 114.000 имигранти се очекува да влезат во сојузната република од други земји на ЕУ годишно, но околу 146.000 ќе мора да имигрираат од трети земји надвор од ЕУ. Ова ги покажува резултатите од студијата на Јохан Фукс и Александар Кубис од Институтот за истражување на вработување (IAB) и Луц Шнајдер од Универзитетот во Кобург во име на фондацијата „Bertelsmann“.

Студијата, исто така, ги зема предвид потенцијалите на локалното население. Истражувачите укажуваат на повисоки стапки на наталитет во иднина, како и присуство на повеќе жени и постари лица на пазарот на трудот. Но, дури и ако мажите и жените работат на ист начин, а во Германија да се воведе пензионирање по 70 години возраст, потребата за квалификувана работна сила не може да се покрие само со локални средства.

„Миграцијата е клучот за успешна иднина. На Германија и се потребни квалификувани работници – исто така и од не-европските региони“, истакна претседателот на Одборот на директори на Фондацијата, Јорг Дрегер.

Исто така, аналитичарите испитуваат како дигитализацијата ќе ги реши потребите од имиграцијата. Според анализата, сè повеќе дигитализирниот пазар на труд бара помалку вработени и квалификувани работници, како што се техничари, магистри и академици.

Сепак, со оглед на расположливата работна сила – со други зборови – понудата – може да се очекува долгорочно ублажување на недостигот во академските кругови, но раст на недостигот на специјалисти во сегментот на средноквалифицираните вработени. Од една страна, се повеќе луѓе добиваат повисока квалификација, а од друга страна во наредните години особено голем број на луѓе ќе ја напуштаат професионалната обука.

Според истражувањето предвидливата годишна имиграција од ЕУ нема да биде доволна за да се компензира побарувачката на германскиот пазар на труд, предизвикана од намалувањето на локално население. Претстојниот „Brexit“ нема да го промени тоа дури и ако имиграцијата во Германија привремено се зголеми. На крајот демографските промени влијаат и европските соседи. Освен тоа стимулациите за миграција се намалуваат со оглед на економската кохезија помеѓу земјите членки, предвидуваат од Фондацијата.

„Денес премалку квалификувани работници од трети земји емигрираат во Германија“, вели Дрегер. Според статистиката од Централниот регистар на странците во 2017-та година во земјата пристигнале само малку над 38.000 луѓе. Затоа Германија треба да го контролира подобро овој прилив, смета Дрегер.

Тој инсистира на брзо усвојување на Законот за имиграција и го поздравува фактот дека законот е насочен и кон луѓе со средно ниво на квалификација. Сепак истакнува: „Миграцијата и интеграцијата се задача на општеството како целина и еден нов закон не е доволен сам по себе. Без одржливаа култура за добредојде и привлечни интеграциски предлози недостатокот на квалификувани работници нема да може да се компензира“, нагласува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП