
Масајоши Сон, најбогатиот човек во Азија, поради добрите резултати на пазарот на капитал, стана побогат за неколку милијарди долари.


Масајоши Сон, најбогатиот човек во Азија, поради добрите резултати на пазарот на капитал, стана побогат за неколку милијарди долари.
Тој е основач и извршен директор на Групацијата Софт банк, која работниот ден денеска на јапонската берза го затвори со вредност на акциите од 9,962 јени, што е раст од 17,73 отсто во однос на претходниот ден.
Според официјалните податоци на веб-страницата на компанијата, Сон од 30 септември 2018 година е сопственик на дури 231.205.000 акции, а ако податоците и понатаму се точни, тоа значи дека со последниве промени на берзата станал побогат за 3,15 милијарди долари.
Сон е на 55. место на листата со најбогати луѓе во светот на „Форбс“, а неговото богатство е проценето на 21,5 милијарда долари.