2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада ќе купи акции во локални компании за да го заштити...

Германската влада ќе купи акции во локални компании за да го заштити бизнисот

Германската влада може да започне да купува удели во локалните компании за да го спречи купувањето од странски инвеститори. Ова го изјави германскиот министер за економија, Питер Алтмајер, кој ги презентираше промените на пазарот во индустриската стратегија на земјата, за кои смета дека е неопходно да се обезбеди напредок.

Усвојувањето на индустриска политика во одбраната е поттикната од загриженоста на Берлин за преземањето од странски, главно кинески компании во земјата, објави „Ројтерс“.

Според зборовите на Алтмајер опстанокот на некои од најважните за германскиот бизнис компании, како „Thyssenkrupp“, „Siemens“, „Deutsche Bank“ и автомобилските производители е од национална важност и е потребно создавање на инвестициски фонд, кој ќе ги поддржува клучните бизниси на земјата.

„Може да претставува земање на привремени удели на компаниите од државата , но не и нивното национализирање и управувањето со нив на долг рок, за да се спречи клучни технологии да бидат продавани и да ја напуштат земјата“, изјави тој на прес-конференција.

Желбата на Германија да се заштити и да ја стимулира економијата се совпаѓа со нејзиното слабеење како целина, бидејќи таа губи инерција по деценија на силен раст и во позадина на зголемениот протекционизам во светот.

Алтмајер ги идентификуваше следниве клучни германски индустриски сектори: производство на челик и алуминиум, хемиската индустрија, производството на машини и авиони, оптиката, автомобилската индустрија, медицинската опрема, зелената технологија, одбраната, вселенската индустрија и 3D печатењето.

За време на презентацијата на својот извештај „Стратегија за национална индустрија 2030“ министерот изјави дека тој преферира државата да не се меша, но ги предвиде утврдените од него како нерамни глобални услови, што тоа може да се покаже како неопходно.

Во извештајот се наведува дека ерозијата на германските индустриски бази ќе доведе до пониски образовни, еколошки и животни стандарди, нагласувајќи ја важноста на европските гиганти.

„Фактот дека во Германија речиси никаков нов бизнис од оваа големина не се појави со години е причина за загриженост“, се вели во извештајот. Исто така, препорачува да се ревидира европското и германското законодавство за да им се овозможи на претпријатијата да се натпреваруваат на меѓународно ниво.

Германската економија забележа најслаб раст по пет години во 2018-та година. Според предвидувањата на Министерството за финансии се очекува забавување на растот за 1 отсто во оваа година, земјата е загрозена од буџетскиот дефицит од 25 милијарди евра до 2023-та година.

За време на прес-конференцијата Алтмајер повика на реформа на енергетските цени, корпоративното оданочување и обезбедувањето, додавајќи дека неговата стратегија цели на изградбата на 70 години германска благосостојба.

„Ова е фундаментален проблем … прашање кое има голема важност за кохезија на земјата и легитимитетот на демократскиот систем“, дополни министерот за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП