7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропски перспективи за наследниците на семејните бизни во Македонија

Европски перспективи за наследниците на семејните бизни во Македонија

Во Македонија семејните бизниси заземаат речиси две третини од вкупната бројка и имаат голем удел во вкупниот БДП, како и во понудата на работни места, со што пружаат поддршка на македонската економија. Но, поддршката која тие ја добиваат е незначителна, а неретко и наследувањето претставува тежок процес, оставајќи ги младите наследици неподготвени за новите предизвици.

Токму затоа пред 2 години се роди идеја за еден проект кој ќе им пружи поддршка на младите наследници да станат успешни и ефективни претприемачи. Проектот FABUSS (FAmily BUsiness Successful Succession) е дел од  Еразмус+ програмата на Европската Унија, со времетраење од 24 месеци, а во него учествуваа партнерски организации од Македонија, Грција, Италија, Кипар, Бугарија и Португалија, во координација на Атинската комора за трговија и индустрија.

На 23ти јануари, во Атинската комора за трговија и индустрија се одржа завршната конференција на овој проектот, каде што се зборуваше за важноста на проектот, неговата имплементација, постигнатите резултати и активностите кои ќе продолжат и по завршувањето на FABUSS.

Во име на партнерите од Македонија – ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински сојуз на Македонија, зборуваше претседателот на ЦЕФЕ – Јован Сталевски, кој истакна дека “овој проект ги разбуди наследниците, претприемачите, поддржувачите и експертите за семејни бизниси да делуваат проактивно во успешното наследување на семејните бизниси. Зошто? Бидејќи повеќе од две третини од сите мали и средни претпријатија во државата се истоветуваат со семејни бизниси, а тоа е значаен дел од Македонскиот БДП и конкретните работни места во сите региони на државата”.

На конференцијата зборуваше и претседателот на Атинската комора за трговија и индустрија, г. Константинос Михалос, кој истакна дека: „Преку обуките во FABUSS проектот на учесниците им беше дадена можност да се здобијат со соодветни вештини и знаења, за да можат ефективно да управуваат и развиваат семејни бизниси, како и да ги имплементираат иновативните стратегии, да ги искористат можностите за вмрежување и соработка со претпријатија од други земји.

Создавањето на подобри услови за транзиција на фаилијарните бизниси од една на друга генерација беше потребата на која сакавме да одговориме со FABUSS. Со други зборови сакавме да им помогнеме на помладите членови на семејството да станат компетентни и ефективни наследници.

Првиот чекор беше да се спроведе истражување за да се идентификуваат потребите, по што следеше 25-часовна програма за семинари, каде што вкупно, беа обучени 235 лица кои учествуваа бесплатно. Сите овие, сегашни или идни сопственици на семејни бизниси, имаа можност да присуствуваат на презентации, да учествуваат во дискусиите и да учат специјален едукативен материјал за успешна деловна сукцесија.

Сакавме оваа работа да создаде добра практика, поглавје на искуство и материјал кој ќе биде експлоатиран во иднина, како од Атинската комора за рговија и индустрија, така и од партнерите, а и од други засегнати страни за поддршка на процесот на сукцесија во семејните бизниси.

Во оваа смисла, верувам дека овој проект ќе продолжи да ја исполнува својата цел, дури и по неговото завршување.“

Во овој проект се постигнаа следните резултати:

  1. Се идентификуваа и се нагласија најдобрите практики за обука и поддршка на идната генерација на лидери во семејните бизниси;
  2. Им се овозможи на идната генерација лидери да дојдат до потребните знаења, вештини и контакти- национални и меѓународни;
  3. Се зајакнаа знаењата и вештините на идните лидери, преку транснационални практики, експертиза и тимска работа со членовите од целната група од други земји;
  4. Се поддржаа долговечноста на семејните бизниси, нивно обновување и интернационализација, со цел реализација на нивниот социјално-економски придонес;
  5.  Се идентификуваа и анализираа регионалните потреби во полето на семејните бизниси и младинското претприемништво;
  6. Се креираше и имплементираше онлајн платформа за подобрување на нивото на претприемачки знаења и вештини на младите-наследници на семеен бизнис.

За време на конференцијата, беа направени повеќе предлози за продолжување на програмата FABUSS:

  1. Искористување на производите на FABUSS од страна на други организации за дополнување на нивните сопствени програми
  2. Пренесување на материјалите за обука на FABUSS до заинтересирани провајдери на обуки во регионот
  3. Идивидуален коучинг на двете генеррации
  4. Развивање на програми за претприемачки вештини кај децата
  5. Развивање на нови претприемачки програми според потребите на двете генерации

ЦЕФЕ Македонија работи на следните активности кои продолжуваат да пружаат поддршка на семејните бизниси, со што на 26ти февруари организираме обука за претприемачки вештни, преку која наследниците на семејни бизниси ќе се здобијат со потребните компетенции. Во октомври 2019 организираме форум на семејни бизниси каде што ќе се сретнат претставници од бизнисите и владејачката гарнитура, отварајќи простор за дикусија помеѓу двете страни со цел да се пружи поглема поддршка на семејните бизниси.

 

—————————————————————————————————————————-

ЦЕФЕ Македонија е здружение на граѓани формирано во 2008 година во Скопје, кое работи на промовирање и развој на претприемaштвото и вештините за вработување. Ние им помагаме на сите кои сакаат да започнат свој бизнис или да го развијат веќе постоечкиот преку организација на бизнис обуки според ЦЕФЕ методологијата и нудење на експертски совети (консалтинг). Паралелно соработуваме со организации насочени кон поддршка на претприемaштвото со цел да ги поттикнеме да креираат подобри услови и поволна околина за развој на претприемачите.

 

Веб страна: www.cefe.mk

ФБ фан страна: https://www.facebook.com/CEFEMacedonia

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП