26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоради климатските промени се повеќе бебиња ќе се раѓаат со срцеви мани

Поради климатските промени се повеќе бебиња ќе се раѓаат со срцеви мани

Високите темпeратури не само што се непријатни за време на бременоста, туку топлината може да му наштети и на здравјето на бебето, а со климатските промени, ова веројатно ќе стане уште поголем проблем.

Една студија објавена од страна на Американска асоцијација за срце покажува дека поголем број бебиња веројатно ќе се родат со вродени срцеви мани во периодот помеѓу 2025 и 2035 година, поради изложеноста на мајките на повисоки температури за време на бременоста, предизвикани од климатските промени.

Ова особено важи за мајките кои биле бремени преку пролет или лето. Климатските промени може да резултираат со уште 7 000 дополнителни случаи на вродени срцеви мани во САД во текот на 11-годишен период, според студијата.

Климатските промени ќе влијаат и врз односот меѓу половите кај новороденчињата, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП