19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДа станеме богати не спречува оваа навика

Да станеме богати не спречува оваа навика

Она што ги разликува исклучително богатите луѓе од просечните, пред се лежи во менталниот склоп. Богатите луѓе претежно размислуваат поинаку, дејствуваат и поинаку одбираат од другите.

Во книгата „Тајните на умот на милионерите“, авторот Т. Харв Екер вели дека постои една само навидум безопасна навика која ја имаат „обичните“ луѓе, а која богатите ја немаат, а тоа е дека сакаме да се жалиме.

„Да се приговара за се е сигурно најлошата работа која можете да ја направите за своето богатство“, вели Екер, пренесува Business Insider.

Тој тврди дека приговарањето наведува да се фокусираме на она што не е добро во нашите животи, наместо времето да го користиме во она што може да успее, и всушност позитивните работи привлекуваат позитивни работи.

„Кога непрестано се жалите, како да ги повикувате негативните работи во својот живот“, смета тој, а уште нешто што влијае врз нашиот финансиски успех е окружувањето, поточно – пријателствата и врските кои ги имаме.

Стив Сајболд, милионер кој интервјуирал повеќе од 1.200 богаташи, заклучил дека богатите луѓе се многу повеќе пребирливи во изборот на луѓе со кои се дружат, и дека тие избори имаат влијание врз нивното богатство.

Екер има сличен став кога зборува за негативната енергија која ја привлекуваме кога се жалиме, затоа што не можеме да останеме позитивни ако сме опкружени со луѓе кои постојано се жалат и на кои „се им е тешко“. Исто така, со тек на време се навикнувате на таа насока на размислување, па ќе се фатите самите себе како и вие чекате ред за да почнете со своите приговори за сопствениот живот.

„Тоа е круг во кој лесно се влегува“, заклучува Екер и порачува дека ако ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, да престанеме да се жалиме.

„Морате да ги бирате своите мисли и зборови, и да се потсетувате дека и покрај се, во најголем дел самите го креирате својот живот“, смета Екер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП