28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрзото отстранување на јагленот ќе ја чини Германија 54 милијарди евра

Брзото отстранување на јагленот ќе ја чини Германија 54 милијарди евра

Забрзаното откажување од производството на електрична енергија од јаглен во Германија ќе ги чини домашните енергетски компании приближно 54 милијарди евра (61 милијарди долари) до 2030-та година, предупредија денеска три водечки германски бизнис асоцијации.

Во заедничка изјава Здружението на германските индустриски-трговски комори (DIHK), Германската индустриска асоцијација (BDI) и Федерацијата на германските работодавачи (BDA) велат дека брзото откажување од енергијата произведена од јаглен, ќе чини меѓу 14 и 54 милијарди евра.

Износот пресметан врз основа на истражување на консултантската компанија „Aurora Energy“, ќе биде резултат на зголемените енергетски цени, кои ќе влијаат негативно како на компаниите, така и корисниците, посочуваат организациите.

Владата на канцеларката Ангела Меркел назначи комисија за јагленот која треба да одлучи кога фосилните цврсти горива треба да бидат напуштени, за да се покријат амбициозните цели во борбата против климатските промени до 2030-та година.

Германскиот министер за економија и енергетика Петер Алтмајаер изјави дека Берлин ќе го заштити производствениот сектор од последиците по одбивањето од евтината енергија добиена од јагленот.

„Ќе преземеме јасни и одговорни чекори за неутрализирање на енергетските интензивни компании“, рече на конференцијата на енергетскиот сектор Алтмајер.

Цените за корисниците исто така ќе бидат заштитени, ако Германија овозможи поголем увоз на енергија, вклучувајќи од северните земји; ако монтира механизми за намалување на енергетската побарувачка во моменти на ниска понуда и даде можност за повеќе мрежни дигитални технологии, додаде министерот.

Гасните турбини, чие користење е пофлексибилно, ќе играат поголема улога во производството на електрична енергија во некогашните области на јаглен, додаде Алтмајер. Тој истакна дека дополнителното побарувачка на гас може да се снабдува од Русија преку спорниот нафтовод „Северен поток 2“ или пак преку нови терминали за течен гас.

Алтмајер покани потенцијалните добавувачи, вклучувајќи од САД, на средба во февруари, за да разговараат за можностите.

Тој, сепак, истакна дека Берлин нема да подлегне на притисокот да се откаже од проектот „Северен поток 2“, на кој се противи САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП