
Концептот на општествена одговорност станува се позначаен и за македонските компании. Најголем дел од нив сфаќаат дека таа придонесува за подобрување на нивниот имиџ, на нивната продуктивност и најчесто претставува добра реклама.


Концептот на општествена одговорност станува се позначаен и за македонските компании. Најголем дел од нив сфаќаат дека таа придонесува за подобрување на нивниот имиџ, на нивната продуктивност и најчесто претставува добра реклама.
Општествената одговорност на претпријатијата по дефиниција претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој.
За едно претпријатие да се смета за општествено одговорно треба да исполнува повеќе критериуми: етичко однесување кон вработените, почитување на интерните кодекси, правила и законот, запазување на принципите на здравје и сигурност, безбедност на производи, заштита на потрошувачите, примена на одговорни деловни практики, ангажирање во заедницата…
На општествената одговорност не треба да се гледа како на трошок туку како на инвестиција која се враќа повеќекратно. Бизнисот има многу придобивки од воведувањето на овие практики: штедење:
Освен за компаниите практиките на општествена одговорност имаат позитивно влијание и за самата средина – безбедност на производите и заштита на потрошувачите, еколошки бенефиции, поголема употреба на обновливите извори на енергија, донаторски и волонтерски активности.
Во Македонија општествената одговорност како практика почнува пред 15-тина години, а во 2007 година е формирано и Национално тело за општествена одговорност кое секоја година доделува награди за општествено одговорни компании во повеќе категории.
Македонските фирми просечно издвојуваат нешто над 10 милиони евра годишно за хуманитарни акции и донации. За тој износ се ослободени од плаќање данок. Податоци за парите што ги трошат за другите сегменти од општествената одговорност нема.
К. Н.