19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонцентрацијата на богатството во светот достигна максимум во 2018-та

Концентрацијата на богатството во светот достигна максимум во 2018-та

Концентрацијата на богатството се зголемила уште повеќе во 2018-та година и 26-те милијардери веќе поседуваат пари колку и половина од најсиромашното население во светот. Ова се наведува во извештајот на невладината организација „Oxfam“.

„Oxfam“ ги повикува државите да ги оданочува најбогатите луѓе.

„Јазот кој се зголемил меѓу богатите и сиромашните ја попречува борбата против сиромаштијата, штети на економијата и потхранува гневот во светот“, вели Вини Бианима, извршен директор на „Oxfam“, цитиран во коминикето.

Владите треба да осигурат дека компаниите и најбогатите луѓе го плаќаат својот дел од даноците, додава тој, по повод традиционалното објавување на годишниот извештај на „Oxfam“ за нееднаквостите во светот во пресрет на Светскиот економски форум во Давос, кој ќе се одржи од 22-ри до 25-ти јануари во швајцарското зимско одморалиште.

Според бројките на невладината организација чија методологија се заснована на податоците објавени од страна „Forbes“ и банката „Credit Suisse“, се оспорува од некои економисти, 26-те лица располагаат со пари колку и 3,8-те милијарди најсиромашни луѓе на планетата. Во 2017-та година, нивниот број беше 43.

Најбогатиот човек во светот Џеф Безос, главниот извршен директор на „Amazon“ го зголеми своето богатство во 2018-та година до вредност од 112 милијарди долари, според „Oxfam“. Буџетот за здравство на Етиопија е 1% од богатството на Безос, нагласува невладината организација.

Вкупното богатство на милијардерите во светот е зголемено за 900 милијарди долари во минатата година или со 2,5 милијарди долари на ден, а состојбата на половина од најсиромашното население на планетата се намали за 11 отсто, прецизира „Oxfam“.

Бројот на милијардери е двојно поголем од финансиската криза во 2008-ма година, посочува невладината организација, и констатира дека „најбогатите имаат корист не само од растечкото богатство, но и од најниските даноци со децении“.

„Ако трендот беше повратен, тогаш повеќето влади би имале доволно ресурси за да ги финансираат јавните услуги“, истакнуваат авторите на извештајот, според кои даноците за богатството се исклучително недооценети.

Експертите на „Oxfam“ тврдат дека од еден долар од данокот на доход само четири центи доаѓаат од давачките за богатството.

Најбогатите кријат од даночните власти 7,6 илјади милијарди долари, а во земји како Бразил или Велика Британија, „10-те проценти најсиромашни луѓе плаќаат веќе повисоки даноци пропорционално на нивните приходи во споредба со најбогатите“, тврди невладината организација.

Извештајот се објавува во момент кога оданочувањето на најголемите богатства предизвикува дебати во голем број земји.

Во Франција движењето на „жолтите елеци“ ја активизираше дебатата околу укинувањето на данокот на најголемите богатства најавени од страна на претседателот Емануел Макрон. Во САД пратеничката од Демократската партија, Александрија Окасио-Кортес, која беше избрана неодамна предложи стапка од 70% за најбогатите и ја доби поддршката од носителот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП