28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо бременоста компирите го зголемуваат ризикот од дијабетес

Во бременоста компирите го зголемуваат ризикот од дијабетес

Речиси секојдневното консумирање на компири или чипс во бременоста може да го зголеми ризикот од појава на дијабетес кај бремените жени, откриле британските научници чија студија е објавена во стручното списание British Medical Journal.

Причината за тоа е што скробот може да го поттикне острото зголемување на шеќерот во крвта. Во рамките на истражувањето биле следени 21.000 бремени жени, кои немале некоја хронична болест пред да бидат трудни.

Бременоста телото го става пред дополнителни барања и кај некои жени тогаш се јавува дијабетес. Гестацискиот дијабетес обично се јавува по породувањето, но може да претставува долгорочен здравствен проблем и за мајката и за детето.

Во рамките на споменатото истражување, научниците се обиделе да откријат што ги прави некои трудници поизложени на можноста од појава на дијабетес.

Меѓу следените трудници, кај 854 од нив се појавил гестациски дијабетес. Воочено е дека ризикот од појавата на дијабетес бил 27 отсто поголем кај бремените жени кои просечно јаделе два до четири пати во неделата оброци кои содржеле 100 грама варен, печен или пире од компир, односно чипс. Кај оние коишто внесувале пет или повеќе порции компир ризикот се искачувал и до 50 проценти.

Научниците велат дека замената на дел од оброкот со компири во неделата со друг зеленчук би го поништила негативниот ефект. Според британските прехранбени препораки, продуктите коишто содржат скроб, како што се компирите, би требало да сочинуваат околу третина од храната.

Некои продукти со висок глихемиски индекс го отпуштаат шеќерот во крвта брзо, а другите со ниски го отпуштаат побавно. Внесувањето на продуктите со низок глихемиски индекс, може да помогне во лекувањето на дијабетесот, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП