2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОлеснете го варењето со овие напитоци

Олеснете го варењето со овие напитоци

Доколку имате проблеми со варењето, пробајте некој од овие напитоци…

1. Чај од нане

13689_stock-photo-pouring-herbal-tea-shutterstock_51367807_630x0

Нането ја подобрува работата на дигестивниот систем и му помага на организмот подобро да ги свари мастите, што ја намалува надуеноста на стомакот. Навечер сварете нане, оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќта. Наутро освежете се со ладен чај со додаток на сок од лимон или портокал.

2. Фрапе од ананас

63873_sokovi-shutterstock-174029123_630x0

Ставете ананас во блендер, додадете малку ладна вода и ќе добиете одличен напиток за борба против мастите. Ако на тоа му додадете и лажичка ленено семе, ќе ја направите вистинската работа за вашиот организам. Лененото семе содржи здрави масни киселини кои помагаат во согорувањето на мастите. Самиот ананас содржи бромелан, ензим кој ги разложува протеините, па така помага во варењето на храната и ја отстранува надуеноста.

3. Зелен чај

6108_zeleni-caj-foto-Dreamstime_630x0

Една шоња зелен чај дневно ќе ве снабди со потребните антиоксиданти и ќе го поттикне матаболизмот. Зелениот чај е одличен за потрошувачката на калории, како и за зголемување на вкупното ниво на енергија и отстранување на апетитот. Една лажица зелен чај прелијте ја со врела вода, но не зовриена. По пет минути процедете и испијте го чајот.

4. Напиток од ѓумбир и лимон

88835_profimedia0051069354_630x0

Во половина литар вода сварете 3-4 парчиња ѓумбир околу пет минути, оставете да се олади на собна температура, а потоа додадете сок од половина лимон.

5. Шејк од ананас и ѓумбир

Во блендер ставете една шоља исецкан свеж ананас, една лажица свеш изрендан ѓумбир и половина шоља јогурт и убаво измешајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП