19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Германската централна банка Бундесбанк изрази уверување дека економијата на земјата брзо ќе успее да го надмине последното забавување, иако предупреди за надвиснати ризици на протекционизмот и „Brexit“ без договор врз прогнозите.

Централната банка ги намали прогнозите за 2018-та година и 2019-та година, а исто така ги намали и очекувањата за инфлација за следната година, пишува „Bloomberg“.

Во 2018-та година Централната банка очекува раст на бруто домашниот производ да е 1,5% при досегашни прогнози за 2%. Што се однесува до следната година очекувањата веќе за зголемување од 1,6% во однос на претходните прогнози од 1,9%. Во 2020-та година очекувањата остануваат без промена на ниво од 1,6%. За 2021-ва година прогнозите се за 1,5%.

Од друга страна инфлацијата за оваа година се очекува да биде 1,9% при очекуваните претходно 1,8%. За догодина вредностите се веќе 1,4% од претходните 1,7%. Во 2020-та година нема промена од сегашните 1,8%. За 2021-ва година прогнозите се за 1,8%.

Производството во Германија – најголемата европска економија, се намали во третиот квартал за прв пат од почетокот на 2015-та година, откако автомобилскиот сектор беше забавен поради воведените нови еколошки барања. Оттогаш наваму довербата на бизнисот ослабе уште повеќе, алудирајќи на забавување на економската динамика.

Од Бундесбанк изјавија дека може да се очекува „релативно силен“ раст и тоа во следниот квартал.

„Се очекува германската економија да порасне малку побрзо од својот потенцијал од следната година“, вели Гувернерот на Бундесбанк, Јенс Вајдман. „Што се однесува до растот – и во помал степен, исто така и за инфлацијата, ризиците за слабеење доминираат од денешна гледна точка“, рече тој.

Иако трговските тензии меѓу САД и голем број на други држави се смири во последните месеци, германската централна банка се уште гледа зголемен ризик од растечкиот протекционизам во светот, кој може опипливо да наштети на ориентираната кон извоз германска економија. Институцијата исто така посочи и особената закана од „Brexit“ без договор, геополитичката несигурност, како и проблеми околу италијанската фискална политика.

Позначителен поттик за германската економија – најмногу во 2019-та година, ќе дојде од експанзионистичката фискална политика на земјата, посочуваат од Бундесбанк. Вишокот на земјата може да достигне големина од 2% од бруто домашниот производ во оваа година, пред да се намали повеќе заради слободната монетарна политика. Во исто време е можно соодносот на долгот спрема БДП-то да падне под 60 отсто, прагот поставен од ЕУ, уште оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП