29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродадени 35 проценти од акциите на Лотус

Продадени 35 проценти од акциите на Лотус

Lotus-F1-Team-car

„Genii Capital“ сопствениците на тимот од Формула 1, Лотус продадоа 35 проценти од акциите на „Infinity Racing“. Тука не станува збор за главниот спонзор на Ред Бул и автомобилски производител „Infiniti“, иако разликата е во една буква, туку за инвестициски конзорциум.

Тој се состои од приватни американски инвеститори и мултинационална бизнис група, која дејствува во Абу Даби и се занимаваат главно со горива. По продавањето на 35 проценти од акциите, „Genii Capital“ и натаму остануваат со најмногу акции во Лотус и продолжуваат да го контролираат тимот.

Продажба беше неминовна откако во 2013-та година тимот на Лотус остана без главен спонзор и тешко собраа буџет за оваа сезона. Покрај проблемите кои ги имаат одличните перформанси на шампионот од 2007-та година, Кими Раиконен му помогна на тимот да направи многу силен старт и да победи на трката во Австралија. Финецот беше втор кај пилотите, но по последната трка во Канада, мина на третата позиција зад Себастијан Фетел од Ред Бул и ѕвездата на Ферари, Фернандо Алонсо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП