1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов оглас на Владата за раководители на централно и локално ниво

Нов оглас на Владата за раководители на централно и локално ниво

georgiev3_g

Владата во текот на денов ќе објави нов јавен повик за пројавување интерес за 99 позиции на централно и локално ниво за пополнување на раководни места.

Огласот ќе трае до 5 јули и на него ќе можат да се пријават сите граѓани кои смета дека ги исполнуваат условите во јавниот повик и дека можат да придонесат за исполнување на зацртаните реформи.

Јавниот повик се однесува за местата каде што има вршители на должност раководител, испразнета позиција на раководителот или пак на раководителот му истекува мандатот до крајот на 2013 година.

На огласот се нудат местата на директор на ЈП за патишта, Државнот инспекторат за урбанизам и градежништво, член на управен одбор и извршен директор на М-НАФ, некои од раководнтие места во МЕПСО и повеќе економски и медицински директори на јавните здравствени установи.

Новина во огласот, како што истакна портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев е што првпат се нудат места за подрачните единици со што се смета дека на огласите ќе можат да се јават лица кои живеат во тие региони и кои сметаaт дека може да придонесат за развој на локалната самоуправа.

На првиот оглас аплицирале 2.000 лица. Започната е фазата за разгледување на пријавите, а за некои и фазата на интервјуа.

За седум до десет дена, како што кажа Ѓорѓиев, треба да заврши разгледувањето на кандидатите за амбасадори и конзули, а потоа да се разгледаат и апликациите за другите објавени огласи за кои краен термин за донесување одлука е крајот на годинава. Првиот оглас беше за над 130 раководни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП