28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКонсумирајте го магдоносот секој ден!

Консумирајте го магдоносот секој ден!

Многумина не сакаат магдонос, а уште поголем е бројот на оние кои не знаат колку е тој всушност здрав. Магдоносот со векови се користи поради своите исцелителни својства и тој е многу повеќе од декоративна билка. Еве зашто е добар магдоносот…

1. Флавоноиди

Магдоносот содржи фитохемикалии познати под називот флавоноиди. Покрај тоа што му даваат боја, тие имаат и диуретично дејство и можат да го намалат крвниот притисок. Здравиот проток на течности низ бубрезите ќе ви помогне да ги прочистите од бактериите и токсини кои се наталожиле во нив. Се смета дека на тој начин се намалува и ризикот од камен во бубрезите.

2. Богат е со витамините А и Ц

Магдоносот е богат со витамините А и Ц. Тој содржи една четвртина од потребната дневна доза за витамин Ц, а само од неколку гранчиња магдонос вашата кожа и вашите коски ќе бидат поздрави, а имунолошкиот систем подобар. Витаминот А, познат како ретинол, помага при заздравување и обновување на мрежницата, поради што добро ќе гледате и при слаба светлина, а потребната дневна доза можете да ја внесете преку магдоносот.

3. Богат е со антиоксиданси

Магдоносот е богат со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Така се одржува здравјето на клетките, па на тој начин тие се заштитени и од рак.

4. Ги ублажува стомачните грчеви

Магдоносот ќе ви го освежи здивот и ќе ви ги ублажи стомачните грчеви. Токму поради тоа не го одвојувајте од јадењата, туку конзумирајте го секој ден.

5. Клучот е во умереноста

Бидејќи некои лица не јадат магдонос, треба да се знае дека може да се јават некои несакани ефекти при нагло консумирање додека нашто тело се прилагоди на него. Најчеститот несакан ефект се главоболките и губењето на рамнотежата, но тоа се случува само ако наеднаш изедете голема количина а претходно не сте го конзумирале. Затоа, како и со се останато, клучот се крие во умереноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП