23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлпско и Скопје Сити Мол те носат на кампот на „кралевите“

Алпско и Скопје Сити Мол те носат на кампот на „кралевите“

Светски фудбал, шпански тренери , кралско искуство од 14 до 18 јануари фондацијата на најтрофејниот клуб на планетава, Реал Мадрид организира камп во Охрид во хотелскиот компекс ” Аквалина”. .На месец дена пред почетокот на вториот камп на мадридистите Алпско млеко и Скопје Сити Мол подаруваат ваучери за учество на три деца кои преку своите вештини со фудбалската топка ќе се ” борат” за победа во својата група, победа која ќе ги направи учесници на кампот кој се организира во 50 земји на планетава, прогласен за најдобар фудбалски камп и камп со најголема репутација во светот.

Можат да се пријавуваат децата од 7 до 17 години( 45 деца по 15 во секоја категорија) кои ќе бидат поделени во три групи според возраста , а само првите во групите ќе станат добитници на ваучери кои им обезбедуваат место на кампот на фондацијата на ” Реал Мадрид” кој според своите успеси се наоѓа на највисокото место на светскиот фудбалски пиедестал . Пријавувањето е во тек на официјалната страна на фејсбук Real Madrid Campus Experience Macedoniа а бројот на пријавувањата е ограничен. Штом истиот се потполни се затвора списокот на учесници на натпреварот.

Настанот е замислен како голема забава на која покрај ваучерите кои ги обезбедија Алпско Млеко и Скопје Сити Мол ќе има изненадувања и за децата кои ќе бидат блиску до победниците.

Настанот “Алпско и Скопје Сити Мол те носат на кампот на „кралевите“ ќе се одржи на третиот кат во Скопје Сити мол, на ден 14.12.2018 (петок) во 18 часот. Точната локација е корнерот за храна.

Сите информации можете да ги видите на официјалната страна на фејсбук на Real Madrid Campus Experience Macedoniа како и правилата за учество на овој настан.

Паралелно течат подготовките за кампот на „Фондацијата Реал Мадрид која е производ на клубот и се грижи да ги промовира социјалните и општествените вредности.Таа е организатор во соработка со македонската компанија „Спорт Арена“, која е лиценциран партнер на овој проект. Привилегија е за Македонија да биде домаќин на овој интернационален камп.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП