4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕ-маил стрес: Дали сте погодени од болеста на модерниот живот?

Е-маил стрес: Дали сте погодени од болеста на модерниот живот?

histerija1

Целите, роковите, колегите и шефовите долго време ги оптеретуваа вработените, во денешно време се чини дека вработените имаат поголем проблем, а тоа е е-маил стресот.

Според најновото истражување, голем број на работници се жалат дека секојдневно се преплавени со низа на непрегледани е-маил пораки.

Вработените се под притисок навремено да ги отворат пораките и навремено да одговорат на нив, при што некои вработени ја проверуваат својата електронска пошта и до 40 пати за еден час. Докажано е дека вработените многу почесто ја отвараат својата електронска пошта, отколу што признаваат во истражувањата.

Дури 28 проценти од работниците се чувствуваат загрозено така што мислат дека пораките манипулираат со нив, додека 38 проценти изјавиле дека се опуштени и дека не одговараат веднаш.

Без разлика дали имате ваков проблем, или тек во иднина ќе го имате, обидете се да ги организирате вашите пристигнати пораки, така што ќе им посветите одреден период од часот или денот, со цел меѓувреме да можете да завршите и други работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП