3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГо намалува холестеролот, го зајакнува срцето, ја подобрува меморијата

Го намалува холестеролот, го зајакнува срцето, ја подобрува меморијата

Медот е едно од “чудата на природата”, полн со ензими и хранливи состојки кои даваат многу позитивни ефекти врз човековото здравје, и логично е дека е еден од најпознатите народни лекови за … скоро се.

Една лажица мед содржи 64 калории и 17 грама шеќер (фруктоза, глукоза, малтоза и сахароза). Но, постојат толку многу витамини и минерали, антиоксиданси, така што можете слободно да ги игнорирате калориите и шеќерот, се додека се држите до таа една лажица во текот на денот.

Што може да очекувате ако почнете секојдневно да земате по малку мед:

Ниско ниво на холестерол

Бидејќи не содржи холестерол, и богат е со витамини, минерали и други важни хранливи состојки, медот го намалува лошиот холестерол.

Посилно срце

Антиоксидансите во медот се добра превенција на таложење на наслаги на ѕидовите на артериите, кои на крајот води до стеснување, кое како последица може да имате главоболка, срцев удар и мозочен удар.

Подобра меморија

Истражувањата покажаа дека медот ја подобрува меморијата, го намалува стресот и ја обновува одбранбената моќ на клетките благодарение на антиоксидансите кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали.

Здрав стомак

Силниот антисептички ефект на медот е добра превенција за проблеми со варењето. Секојдневната конзумација го намалува бројот на лоши бактерии во цревата, и потпомага за зараснување на помали повреди на слузницата, доколку тие постојат.

Тенот се подобрува

Медот е моќен антиоксидант, па ќе ги забави штетните ефекти на слободните радикали, со тоа и стареењето, а антибактериските својства ќе ги направи поретки мозолчиња на лицето.

Покрај тоа, медот содржи состојки кои се покажаа како ефикасни во намалување на ризикот од одредени видови на рак, како и олеснување на симптомите на настинка или грип.

Ако страдате од несоница, сте нервозни и под стрес, најдобар избор е багремов мед, а ако имате проблеми со респираторниот тракт – мед од липа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП