10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата "инекција" за докапитализација оди во Нова Љубљанска Банка (NLB)

Првата “инекција” за докапитализација оди во Нова Љубљанска Банка (NLB)

nlbskupina1

Трите водечки словенечки државни банки оваа година треба да се докапитализараат со 900 милиони евра, со цел да се исполни потребниот коефициент за адекватност на капиталот.

На крајот од овој месец во Нова Љубљанска Банка (НЛБ) ќе биде извршена првата трансакција, со која дел од своите нефункционални кредити ќе бидат префрлени во т.н. “слаба банка”, објавија вчера од Љубљана.

Првата трансакција на ненаплатливите кредити на НЛБ би се завршила на 28 Јуни, додека на почетокот на следниот месец истиот процес ќе се изврши во Нова Кредитна Банка Марибор (NKBM), а потоа и во Абанка, објави на прес-конференција Андреј Ширцељ, претседател на “Претпријатието за управување со побарувањата на банките”, како што е официјално наречено “слаба банка”, односно установа основана од страна на Владата со цел да се очистат билансите на државните банки од ненаплатливите заеми и да се санираат.

“Побарувањата ќе бидат префрлени на “слабата банка” и истите ќе треба да бидат добро управувани”, рече Ширцељ, додавајќи дека докапитализацијата на банките од буџетските ресурси не може да трае вечно.

Трите водечки словенечки државни банки оваа година треба да извршат докапитализација во висина од 900 милиони евра со цел да се исполнат потребните коефициенти за адекватност на капиталот кои ги бара словенечката централна банка. Од вкупната сума, 500 милиони се однесуваат на Нова Љубљанска банка (НЛБ), чии ненаплатливи кредити според некои проценки се проценети на околу 2 милијарди евра.

Планот на Владата е ненаплатливите побарувања на банките да се префрлат на “слабата банка” по намалена цена, а подоцна да се обиде да ги продаде по подобра цена, а од друга страна банките повторно да се оспособат за да работат позитивно и да го обноват кредитирањето. Владата ја стави NKBM на листата за продажба на претпријатијата во државна сопственост, но тоа ќе биде возможно само откако ќе се санира.

Износот на ненаплатливите кредити во трите најголеми банки се проценува на 3.3 милијарди евра (НЛБ 2 милијарди евра), а владата тие средства кои ќе бидат префрлени на “слабата банка” би ги заменила со хартии од вредност за да им се овозможи на банките да започнат со  нормално функционирање и кредитирање на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП