27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMилијардер бара град за неговата највисока зграда

Mилијардер бара град за неговата највисока зграда

Kingdom-Tower-Jeddah-10

Саудискиот милијардер принцот Алуалид бин Талал изјави дека ги разгледува најголемите градови во светот, меѓу кои Шангај, Москва, Лондон и Њујорк, како можни локации за изградба на највисокиот облакодер, кој со 1 милја (1.6 километри) ќе биде највисока зграда во светот.

Принцот ја покани најголемата градежна компанија од Дубаи „Emaar Properties“ да учествува заедно со неговата инвестициска компанија „Kingdom Holding“ во изградбата на проектот.

„Во моментов ја разгледуваме и проценуваме можноста за изградба на највисоката зграда во светот“, изјави во телефонското интервју за „Reuters“, Алуалид бин Талал.

„Ни требаат и добри партнери. Ги повикавме „Emaar“ да ги здружат силите со нас, за да видиме како ќе ја изградиме оваа кула некаде во светот”, додал принцот.

Тој не споделил како ќе биде финансиран проектот или кога може да биде финализиран. Според него, цената треба да биде дополнително определена.

„Ги повикувам водечките градови во светот како Шангај, Москва, Њујорк, Лондон и регионалните градови од Блискиот Исток да ги понудат нивни понуди”, вели Алуалид.

Според него земјите кои сакаат да ја добијат највисоката кула во светот, ќе треба да понудат атрактивни услови за финансирање, даночни намалувања и друга владина поддршка.

Експерти од градежната индустрија велат дека изградбата на 1,6 километри високиот облакодер ќе вклучува различни предизвици поврзани со техничката имплементација и дизајнот, како на пример како економично ќе се искачува водата на толку голема висина. Сепак тие додаваат дека неговата изградба нема да е невозможна.

Ако биде изграден, новиот облакодер ќе ја надмине сегашната највисока зграда во светот, 828-метарскиот „Burj Khalifa“ во Дубаи, како еден километар високата „Kingdom Tower“, која се гради во моментов во Џеда. Изградбата на „Kingdom Tower“ се очекува да чини околу 1.2 милијарди долари и да биде завршена до крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП