26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПентагон купува руски хеликоптери

Пентагон купува руски хеликоптери

U.S. forces mentor Afghan Air Guard to 'stand on own'

Пентагон соопшти дека ќе потроши 572 милиони долари за купување на 30 руски воени хеликоптери од моделот „Mi-17“ кои ќе ги користат авганистанските безбедносни сили.

Хеликоптерите ќе ги користат специјалните единици на авганистанските национални безбедносни сили во борбата против тероризамот и трговијата со дрога, како и единиците за специјални операции.

Договорот со руската воена компанија„ Rosoboronoeksport“ вклучува и резервни делови за леталата, опрема за тестирање и техничка поддршка.

Од Пентагон очекуваат договорот да биде комплетиран до крајот на 2014-та година.

Ова не е прв договор на американското министерство за одбрана со оваа компанија, затоа што тие  пред една година купија 12 хеликоптери од моделот „Mi-17“ за 217.7 милиони долари во рамките на еден договор од 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП