18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСуперхибридот на Mercedes-AMG станува полесен и помоќен

Суперхибридот на Mercedes-AMG станува полесен и помоќен

Компанијата „Mercedes-AMG“ беше принудена да ја одложи премиерата на суперавтомобилот „One“ поради проблем со адаптацијата на агрегатот, кој е земен од Формула 1. Според информација на „The Supercar Blog“, доцнењето им дозволи на инженерите да го направат хибридниот автомобил полесен и помоќен.

Се очекува идниот суперавтомобил на „Mercedes-AMG“ да тежи не повеќе од 1.350 кг, а моќта ќе ги надмине претходно планираните 1.054 КС и ќе достигне околу 1.125 КС. Освен тоа за „One“ се развива дополнителен пакет „One“, кој ќе нуди подобрена аеродинамика и поголема моќ на агрегатот.

Во компанијата се уверени дека динамичките карактеристики на суперхибридот ќе бидат на многу високо ниво, па забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 1,1 секунди. Затоа „Mercedes-AMG“ ќе се обиде да го подобри апсолутниот рекорд на „Nurburgring“, за автомобили кои се сертифицирани за јавни патишта. Активна подготовка за „нападот“ на ова достигнување е веќе во тек.

Прототипот на суперхибридот „Mercedes-AMG Project One“ беше претставен минатиот септември на саемот за автомобили во Франкфурт. Моделот со две врати ја доби силата на болидот од Формула 1 – „Mercedes F1 W07 Hybrid“. Тој вклучува 1.6-литарски бензински турбокомпресор, 8-брзински автоматски менувач, пет електромотори и литиум-јонски батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП