2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот парламент одобри рекорден буџет за 2019-та

Германскиот парламент одобри рекорден буџет за 2019-та

Бундестагот го одобри националниот буџет за 2019-та година, кој предвидува 13 милијарди евра поголеми трошоци во споредба со 2018-та година. Во меѓувреме, владата планира да не зема нови заеми шеста година по ред.

Долниот дом на германскиот парламент даде зелено светло за трошоци во вредност 356,4 милијарди евра, што е зголемување за 13 милијарди евра во однос на трошоците предвидени за 2018-та година.

По три дена на дискусија пратениците го усвоија буџетот со 366 гласа „за“ и 284 „против“, без воздржани.

Поради растечките даночни приходи, коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел, во која влегува Демохристијанската унија (ЦДУ), Христијанскосоцијалната унија (ЦСУ) и Германската социјалдемократска партија (СПД), планира да не прави никакви нови заеми веќе шеста година по ред. Оваа стратегија е позната во Германија како „црна нула“.

„Црната нула“ е критикувана како непотребна потрошувачка која влијае врз цената на инвестициите во образованието, домувањето и јавната инфраструктура.

Буџетот обезбедува повеќе пари за социјалните бенефиции, за семејствата, одбраната и помошта за развој. Семејствата ќе добиваат 10 евра повеќе детски додаток од сегашните 194-200 евра месечно, според бројот на децата кои родителите ги одгледуваат.

Најголем дел од парите – 145,3 милијарди евра – се распределуваат за трудот и социјалниот сектор, делумно во форма на пензиски исплати.

„Brexit“ претставува јасен ризик за економскиот раст во Европската унија во наредните години, предупреди германскиот министер за финансии Олаф Шолц, во првиот ден од дебатата за буџетот на најголемата европска економија.

Пред пратениците од Бундестагот, Шолц истакна дека по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, 19-те земји од еврозоната ќе обезбедуваат над 85% од БДП-то на 27-члениот Сојуз. Поради оваа причина тој истакна напорната работа заедно со францускиот колега Бруно Ле Мер за претворање на Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ) во вистински Европски монетарен фонд (ЕВФ) кој ги поддржува земји од еврозоната кои се соочуваат со финансиски тешкотии.

Шолц освен тоа ја истакна намерата да ја зголеми наплатата на даноците од меѓународните компании, мислејќи на некои големи дигитални компании кои избегнуваат даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП