28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот производител на шеќер во светот ќе ја зaгуби круната

Најголемиот производител на шеќер во светот ќе ја зaгуби круната

Бразил, кој традиционално е најголемиот производител на шеќер во светот, е на пат да ја предаде лидерската позиција на Индија за прв пат по 16 години.

Производството во азиската земја оваа сезона се очекува да порасне за 5,2 отсто на рекордни 35,9 милиони тони, благодарение на повеќето земјоделски земјишта и добрата жетва. Ова е објавено во извештајот на Канцеларијата за надворешно земјоделство на Министерството за земјоделство на САД, цитирано од „Bloomberg“.

Според податоците, бразилското производство може да се намали за 21 отсто на 30,6 милиони тони поради неповолните временски услови и префрлувањето на производство на повеќе етанол од шеќерна трска.

Севкупно, светското производство се очекува да падне за 4,5% на 185,9 милиони тони, откако прогнозите за Бразил, Тајланд и Европската унија се намалија.

Сезоната трае од април до март во Јужна Америка и од октомври до септември во Индија. Во повеќето земји, периодот е од мај до април.

Се очекува глобалните резерви да растат бидејќи „огромното складирање“ во Индија се спротивставува на послабото производство во Кина и во ЕУ, според американската служба.

Фјучерсите на суров шеќер паднаа за 18 отсто од почетокот на годината во Њујорк, поради полошите од очекуваните рекорди. Во 2017-та година цената се намали за 22%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП