28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАргентинците направија суперавтомобил

Аргентинците направија суперавтомобил

bucci-special-02

Аргентинците не се особено познати по производство на сопствени автомобили, но еве оваа недела тие ќе го покажат својот нов суперавтомобил. Името на ова возило е „Bucci Special“ и се очекува овој аргентински суперавтомобил со V12 мотор  да биде прикажан за време на автомобилскиот саем во Буенос Аирес.

Клемар Бучи е поранешен пилот во Формула 1, кој сакал да си направи сопствен суперавтомобил. За жал, тој почина во јануари 2011-та година, но развојот на автомобилот продолжи благодарение на „Scuderia Bucci“ која е предводена од неговиот внук, Пол.

Bucci_Special_5

Засега нема многу детали за проектот, но е познато дека благодарение на употребата на карбонски влакна, тежината на автомобилот изнесува 1.100 кг.

За погонот е одговорен 7.3-литарски V12 мотор од „AMG“ со моќност од 600 КС кој е комбиниран со шест-брзински пренос кој е земен од „Pagani“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП