26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПротив забоболката со најдобриот природен лек

Против забоболката со најдобриот природен лек

Заборавете на сите лекови кои ги пиете со цел да ви помине забот. Се што е потребнo е да посегнете по нешто што гарантирано е составен дел од секоја кујна.

Некои овој зачин кој има силен и впечатлив мирис и вкус го користат како додаток во јадењата, слатките… но верувале или не тој има силно антивоспалително дејство, па ќе ви помогне болката од забот да изчезне за миг.

cloves-bsp

Наједноставно е при забоболка да ставите едно каранфилче во устата и да го грицкате помеѓу здравите заби со цел тоа да го пушти своето масло. Потоа омекнатото каранфилче држете го на непцето од болниот заб. Потоа исфрлете го и земете ново каранфилче и повторувајте ја постапката неколку пати, тоа ќе ви помогне да ја смирите болката се до посетата на стоматологот.

Доколку каранфилчето ви создава непријатно чувство меѓу забите, послужете се со газа. Ставете неколку каранфилчиња и направете мала кеса. Скршете ги каранфилчињата со чекан за месо со цел тие да го испуштат своето благотворно масло. Навлажнетата газа допрете ја до болното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП