23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајголемиот собирач на бактерии во домот!

Најголемиот собирач на бактерии во домот!

Со него миеме садови, а од истражувањата се покажа дека во кујнскиот сунѓер се наоаѓаат милијарда бактерии.

Она што уште повеќе загрижува е дека не постои решение и начин како да го исчистите, и навистина да се ослободите од бакетриите.

Имено, студијата покажа дека сунѓерите редовно се чистат така што се ставаат во микробранова или во рерна или се потопуваат во зовриена вода и всушност повторно се полни со бактерии и не се дочистени.

Научниците собрале 14 сунѓери од домови во Германија, а секој сунѓер бил поделен на горен и долен дел со стерилни елементи и бил однесен на анализа.

Сопствениците потоа одговарале на прашања во врска со тоа колку често и како го чистат сунѓерот, како и колку често ги менуваат. Повеќето сунѓерите ги менуваат барем еднаш месечно.

Без оглед на тоа, научниците откриле дека на сунѓерите се наоѓаат доста бактерии, вклучувајќи и патогени бактерии кои можат да доведат до труење со храна и колера.

Научниците велат дека кујнските сунѓери поради шупликавата текстура се иделано место за инкубација на микроорганизми и дека на дел од сунѓер со големина на една коцка се наоѓаат 54 милијарди клетки на бактерии.

Кујнските сунѓери, објаснуваат тие, „имаат способност да собираат и да ги прошируваат бактериите“ и тие се „најголемите собирачи на активни бактерии во целиот дом“!

Како што кажавме, редовното чистење на сунѓерите не помага, туку напротив – само ја влошува ситуацијата.

„Редовно чистените сунѓери не содржат помалку бактерии од оние кои не се чистени. Попрецизно, дури содржат и повеќе од одреден вид на бактерии кои го преживеале процесот на чистење и брзо се размножиле за да ја надоместат количината од пред чистењето“, предупредуваат експертите.

Што советуваат тие? Престанете да ги чистите сунѓерите и менувајте ги еднаш неделно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП