3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродадени три парцели во Центар за комерцијани и деловни објекти

Продадени три парцели во Центар за комерцијани и деловни објекти

pa

Три градежни парцели, сопственост на Репубублика Македонија, а наменети за изградба на мали комерцијални и деловни единици во општина Центар се продадени преку електронско јавно наддавање.

Најповолни понудувачи за трите парцели во општина Центар дадоа „Супрема“ ДОО за една со цена од 6.600 денари за метар квадратен и Селима Муше за две парцели кој понуди 391.003 и 330.800 денари за метар квадратен.

Најповолните понудувачи се должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 10.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште. Во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, банкарската гаранција за сериозност на понудата во висина од 30.000 евра ќе биде активирана, а понудувачот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела, соопшти Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП