21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедењето буквално ги убива луѓето

Штедењето буквално ги убива луѓето

siromashtija1

Најновото истражување покажува дека буџетското штедење има разорни последици на здравјето, зголемувајќи ја стапката на убиства, депресија и инфективни болести.

Намалувањата предизвикани од мерките за штедење во Шпанија предизвикуваат распаѓање на големите делови на здравствениот систем и силно штетат на здравјето на популацијата, се вели во истражувањето на Одделот на Европското јавно здравство од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Како што пренесува Ројтерс, мерките за штедење би можеле да доведат до спирала на здравствени проблеми и силно зголемување на инфективните болести како што е туберкулозата. Истражувањето ги цитира докторите кои наведуваат дека „буџетското штедење буквално ги убива луѓето“.

Истражувањето открива дека трошоците за здравствената и социјална услуга, на пример, во шпанскиот буџет во 2012 година се намалени за околу 10 проценти, и тоа во време на зголемување на побарувачката за тие услуги, особено од страна на возрасните, неподвижните и ментално болните лица.

Зголемувањето на заразени лица од инфективните болести веќе е забележано во Грција, а претходните истражувања спроведени во Европа и САД покажуваат дека буџетските намалувања имаат разорни последици на здравјето, зголемувајќи ја стапката на убиства, депресија и инфективни болести, со намалувањето на пристапот до лекови и медицинска грижа, што е многу опасна спирала која силно влијае и на економијата на земјите, кои се обидуваат да се спасат од кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП