среда, 7 декември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие состојки ќе ви помогнат да заборавите на настинката и на грипот!

Овие состојки ќе ви помогнат да заборавите на настинката и на грипот!

Обичната настинка, осетливите полипи, девијацијата на септумот и алергискиот ринитис можат да предизвикаат блокада на синусите, а за тоа постои природен лек.

Синузитис, односно воспаление на слузокожата на параназалните шуплини, е честа појава кај многумина. Во нормални околности, синусите се полни со воздух. Меѓутоа, кога ќе дојде до блокада, тие се полни со бактерии, течности во кои има вируси, габи и бактерии и сето тоа може да доведе до опасни инфекции.

Главната состојка е јаболков оцет, за кој знаеме дека е полн со витамини, влакна, антиоксиданти и минерали. Тоа го јакне имуниот систем и ја подобрува општата состојба.

Состојки:

Четвртина шолја органски јаболков оцет

Половина шолја органска кокосова вода

Лажица лута црвена пиперка

Свеж исцеден лимон

Лажица органски мед

Подготовка:

Кокосовата вода загрејте ја во тенџере па пресипете ја во шолја. Додајте го јаболковиот оцет и добро промешајте. Оставете да се олади на собна температура, а потоа додајте го медот и црвената пиперка. Повторно добро промешајте, а на крајот додајте го лимоновиот сок и повторно промешајте.

За најдобри резултати, овој напиток консумирајте го на празен стомак, пред појадок или доцна навечер, пред да одите на спиење. Слободно консумирајте го се додека инфекцијата не помине.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП