6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските банки се претставија најслабо на стрес-тестовите на ЕЦБ

Британските банки се претставија најслабо на стрес-тестовите на ЕЦБ

Резултатите од стрес-тестовите на најголемите банки во Европа, објавени во петокот покажуваат дека сите финансиски институции во Европската унија поминале низ „негативното сценарио“ на Европската централна банка (ЕЦБ), пренесува „CNBC“.

Стрес-тестовите беа спроведени од страна на Европскиот банкарски орган (EБО) и Единствениот надзорен механизам (ЕНМ), а целта им беше да ја оценат стабилноста на европскиот банкарски систем. „ЕБА“ објави дека сите 48 банки го поминаа прагот за адекватност на капитал од 5,5% во симулираниот стрес-тест.

Британската банка „Barclays“ се претстави најлошо со само 6,37% во најлошото сценарио. Друга британска банка „Lloyds“, исто така, не се покажа добро со 6,8%. Англиската централна банка (АЦБ) коментираше по објавувањето на резултатите дека британските банки можат да ги надминат последиците од најлошото сценарио на „ЕБО“.

Најголемата европска банка, „Deutsche Bank“, покажаа подобри резултати од очекувањата од страна на некои аналитичари, со резултат од 8,14% за неповолното сценарио.

„ЕБА“ објави дека според ова сценарио, намалувањето на капиталот на банката на крајот на 2020-та година изнесувало 236 милијарди евра (268 милијарди долари). Според Европската централна банка (ЕЦБ) тестот на „ЕБО“ покажал дека банките во Европа сега се „поотпорни на финансиски турбуленции“.

Италијанските банки, исто така, беа внимателно следени, но успеаа да го завршат тестот со задоволително ниво, објавија банкарски регулатори. „Unicredit“, најголемата италијанска банка, постигна 9,34%, а „UBI Banca“ 7,42%. Најнискиот резултат кај италијанските банки го забележаа „Banco BPM“ – 6,67%.

Оценката била остварена, така што се земени во предвид сметководствените биланси на банките на крајот на 2017-та година, за да се види како би се справиле со притисок кој „ЕБО“ го дефинира како „неповолни пазарни случувања“.

Теоретски пазарни потреси, како хаотичен „Brexit“ или ненадејна распродажба на средствата, биле користени како сценарија за да се проценат сметководствените биланси на банките. „ЕБА“ не известува директно дали дадена банка го положила тестот или не успеала.

Вкупно 140 банки беа тестирани за нивната издржливост од нестабилноста на пазарот и нивото на кредитен ризик. Но, за разлика од 2016-та година, кога беа спроведени најновите стрес-тестови, објавените резултати во петокот се однесуваат само на 48-те најголеми банки во Европа. Ова се случи откако „ЕБО“ направи промени во својот процес претходно во оваа година и постави висок минимален праг од 30 милијарди евра.

Банките ќе ги добијат своите индивидуални извештаи од „ЕЦБ“ во јануари 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП