2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНемојте да спиете со мокра коса!

Немојте да спиете со мокра коса!

Колку пати ви се случило по бањањето да заминете во кревет со мокра коса собрана во пешкир? Сигурно повеќе пати, додека вашите родители ви зборувале дека не смеете да го правите тоа бидејки ќе добиете воспаление на мозокот или белите дробови (дури и кога надвор е топло).

Иако вашата мајка била во право, сепак не била целосно. Од спиење со мокра коса сигурно нема да добиете воспаление на мозокот или белите дробови, но ќе имате други проблеми кои воопшто не се пријатни.
Ви претставуваме три проблеми кои можете да ги добиете по спиењето со москра коса.

Поттикнување на развојот на габи

Перницата е идеално место за развивање на разни бактерии бидејќи на неа се собираат мртвите клетки и маслото од кожата, како и грините. Додадете го на сето ова мокриот пешкир и топлината и тоа е доволно за развој на досадните габи.

Главоболка

Веројатно не знаевте, но телесната температура во првата фаза се намалува до температурата во собата во која спиете, доека во REM фазата се зголемува. Бидејќи косата е завиткана во пешкир, температурата на главата не може да се прилагоди на температурата на телото и тоа може да предизвика силни главоболки кои можат да ве пробудат и во средина на сонот.

Испукана коса

Знаете и самите дека мократа коса е склона на пукање, особено ако ја триете со пешкирот. Поради триењето кое се создава меѓу косата и пешкирот таа може да се оштети и испука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП