5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMobiPay - нова услуга на T-Mobile со НЛБ Тутунска банка

MobiPay – нова услуга на T-Mobile со НЛБ Тутунска банка

DSC_2216

  • Со MobiPay мобилниот телефон станува виртуелен паричник
  • Услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони
  • Брзо, лесно и безбедно плаќање поврзано директно со банкарската сметка или сметка на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка

Т-Моbile е првиот мобилен оператор којшто од денеска во партнерство со НЛБ Тутунска банка им овозможува на своите корисници да го користат мобилниот телефон и како паричник, односно преку телефонот да плаќаат сметки во кафе барови, ресторани, маркети, продавници за бела техника итн.

MobiPay овозможува сосема нов начин на безготовинско плаќање преку мобилен телефон, директно од банкарската сметка во НЛБ Тутунска банка. Со активирање на MobiPay, мобилниот телефон станува виртуелен паричник во кој може да се сместат повеќе платежни картички.

„Мобилното плаќање е една од оние услуги каде новата технологија е целосно во функција на корисникот. Пред само десетина години мобилниот служеше единствено за разговор и СМС, а сега станува мултифункционална алатка, се во едно, која на крајот на денот го прави животот полесен, а тоа и треба да е крајната цел на модерните технологии. Со мобилното плаќање мобилниот телефон добива уште една улога – станува виртуелен паричник. И тоа паричник кој им служи на сите корисници, и постпејд и припејд, и оние кои имаат најнови смартфони, но и оние кои имаат телефони од постарата генерација. Со Moby Pay корисниците добиваат вредност повеќе, можност повеќе без никаков надомест“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.

DSC_2162

„НЛБ Тутунска банка како современа и иновативна банка и овој пат е прва банка на пазарот која заедно со Т-Мобиле воведе нова и единствена можност за плаќање во продажните места директно со мобилен телефон. Преку MobiPay функционалноста, на корисниците на нашите услуги за првпат ќе им овозможиме користење на средствата кои се наоѓаат на сметкa во НЛБ Тутунска банка преку мобилен телефон.

При купувањето клиентите ќе немаат потреба да носат платежни картички или новчаник туку само нивниот мобилен телефон. Генерално, најголемиот предизвик при извршување на плаќањата е како на практичен, брз, безбеден и едноставен начин тоа да се реализира. Сите овие аспекти се присутни во MobiPay функционалноста“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка.

DSC_2177

За активирање на MobiPay, T-Mobile корисниците потребно е да имаат картична сметка во НЛБ Тутунска банка за која треба да потпишат договор со Банката, при што сметката ќе биде поврзана со мобилен број на корисникот и ќе му биде издаден ПИН за верификација на секоја трансакција извршена со телефон. Средствата за плаќање ќе се одземаат од картичната сметка, а не од телефонската сметка. На овој начин, мобилното плаќање е достапно за сите припејд и пост пејд корисници на T-Mobile.

Плаќањето преку MobiPay веќе е овозможено на многу локации во Скопје и низ цела Македонија, а мрежата континуирано се шири.

Сите детали за услугата, условите за нејзино користење, листата на продажни места, како и сите новини може да се најдат на веб страницата www.mobipay.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП