6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 2 милиони активни мобилни телефони во Македонија

Над 2 милиони активни мобилни телефони во Македонија

mobile-phones-006

Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за еден процент во однос на 2011 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.

Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25 проценти. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет,  бил 312.272, што е пораст од 10,59 отсто во споредба со 2011 година. Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН мрежи.

Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26 проценти од претходната година.

Во сегменетот на фиксните телефонија најголем удел има Македонски телеком со 65,34 проценти, ОНЕ со 15,44, Близу со 8,97, Аикол 4,88 и Неотел 3,95.

Во мобилната телефонија Т-Мобиле има пазарен удел од 47,95 проценти, ВИП 28,24 и ОНЕ 23,81 процент.

Повеќе од половина, односно 61,27 проценти се припејд корисници, додека постпејд се 38,73 отсто.

Бројот на корисници на интернет преку 2Г и 3Г мрежи е зголемен за 35,44 проценти и изнесува 505.596.

Бројот на корисници на ТВ услуги изнесува 278.140 и е за 10,56 проценти повеќе од 2011 година. Најмногу користат кабелска телевизија 172.835, а ИПТВ 66.541, каде е забележан најголем раст од 65,82 проценти.

И во овој сегмент лидер е Македонски телеком со 23,92 проценти, пред Роби со 22,10, Близу со 20,26 проценти и ОНЕ со 13,47 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП