19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Фери“ донираше пакети со храна за децата кои живеат во сиромаштија

„Фери“ донираше пакети со храна за децата кои живеат во сиромаштија

Деца од Македонија кои живеат во сиромаштија добија пакети со храна наменети за нив и нивните семејства како дел од од хуманитарниот проект „Сподели оброк“ на познатиот бренд детергент за садови „фери“ (Fairy) на компанијата „Проктер и Гембл“.

Пакетите со храна, кои содржат основни прехранбени продукти потребни за едно семејство за подолг период, им ги подели хуманитарното здружение „Проект Среќа“ одбележувајќи го 17 Октомври – Интернационалниот ден за борба против сиромаштијата.

„Фери“ во рамките на проектот „Сподели оброк“ собираше средства за оние на кои помошта им е најпотребна. Од секој купен детергент за садови „фери“ во Македонија, компанијата издвои одредена сума пари која ја донираше за да обезбеди храна за децата кои доаѓаат од сиромашни семејства или се наоѓаат во некој друг вид социјален ризик. Со донацијата од „фери“, здружението „Проект Среќа“ подели 100 пакети со храна кои ќе им го олеснат секојдневието на исто толку социјално загрозени семејства во следните неколку месеци.

Никој не може да направи сѐ, но секој може да направи по нешто, е една од пораките што вчера ги испратија децата кои беа дел од првиот „Самит на детските желби“, Првата конференција за деца во социјален ризик што ја организираше „Проект Среќа“. Главни гости и говорници на конференцијата беа деца кои живеат во сиромаштија. Тие зборуваа за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, нивните соништа и желби, за начините на кои земјава може да стане подобро место за живеење преку заедничко помагање меѓу луѓето, особено преку помагање на младите кои ги немаат истите можности и предности како и нивните другарчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП