17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложени стрес тестовите за банките во Ирска

Одложени стрес тестовите за банките во Ирска

irska2

Ирска го продолжи рокот за тестирање на способноста на домашните банки да се изборат со потенцијална криза, пренесува агенцијата Франс Прес.

Банките во Ирска во 2014 година ќе бидат подложени на т.н. стрес тест, а не оваа година како што претходно беше предивидено во меѓународниот пакет помош за таа земја, изјави ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан.

„Постигнавме договор со европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд дека наредните стрес-тестови ќе бидат направени во блиска иднина, но нешто по генералното тестирање во цела Европа. Договорено е тоа да се случи во првата половина на 2014 година, а не оваа есен“, изјави Нунан.

Според агенцијата Франс Прес, ваквото одложување претставува олеснување за ирските банки кои примија помош.

Нунан, исто така, додаде дека не очекува дека стрес тестовите ќе покажат дека на ирските банки им е потребен дополнителен капитал за да го подобрат својот биланс на сосотјбата.

Стрес тестовите кои минатата година беа спроведени во европските банки покажаа дека тие банки подигнале повеќе од 200 милијарди евра свеж капитал во периодот меѓу декември 2011 година и јуни 2012 година, за да ја подобрат својата способност и полесно да се изборат со нови потенцијални финансиски кризи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП