29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон лесно, Тандер без Вестбрук ги намачија шампионите (видео)

Бостон лесно, Тандер без Вестбрук ги намачија шампионите (видео)

Кошаркарите на Бостон Селтикс забележаа победа над Филаделфија 105:87, на отворањето на новата сезона во НБА лигата.

Во според квалитетот просечен натпревар, исполнет со многу грешки на двете страни, играчите на Бостон покажаа дека во овој момент се во подобра форма од противниците.

Селтикс до првата победа во сезоната ги предводеше Џејсон Тејтум со 19 поени, девет скока и три асистенции, Маркус Морис постигна 16 поени на кои придодаде 10 скока. Првата ѕвезда на Селтикс, Кајри Ирвинг ги промаши сите седум обиди од поле, а мечот го заврши со седум поени. По тешката повреда, поради која ја пропушти целата претходна сезона, Гордон Хејворд одигра 25 минути и постигна 10 поени.

Кај Филаделфија подобри од останатите беа Бен Симонс (19 поени, 15 скока, осум асистенции) и Џоел Ембид (23 поени).

Актуелниот првак Голден стејт Вориорс се намачи во дуелот со Оклахома сити Тандер, но сепак успеа да победи 108:100. Овој меч поради повреда го пропушти најдобриот играч на Тандер, Расел Вестбрук.

Без Вестбрук, Тандер, одиграа одлично во одбраната, а во третиот период „експлодира“ Пол Џорџ, во која постигна 15 поени.

Стеф Кари сезоната ја отвори со 32 поени, осум скока и девет асистенции, Кевин Дурент постигна 27 поени, а Клеј Томпсон 14 поени, меѓутоа погоди само пет од 20.обиди одо поле.

Пол Џорџ на спротивната страна уфрли 27 поени, а Денис Шрудер имаше 21 поени, девет скока и шест асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП