18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМожноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна...

Можноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна како никогаш досега

Асоцијацијата на менаџери на Македонија со гордост го најавува ексклузивниот тренинг за бихејвиористички техники на продажба со  проф. д-р. Сем Вакнин. Тој за сите заинтересирани ќе биде во Скопје на 24 ноември 2018 година. Ова е ексклузивна можност за ониe кои се заинтересирани да ги трансформираат техниките на продажба и односите со клиенти, од човекот кој е најдобар во светот.

Тренингот на проф. д-р. Сем Вакнин ќе трае 6 часа и ќе има за цел да достигне „Експлодирање во продажбата“, што е воедно и носечкиот наслов на самиот настан. Од Вакнин присутните ќе може да научат револуционерни техники за продажба. Тој е и професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии). Како автор на книгите „Малигно самољубие: Навраќање на нарцисизмот“ и „По дождот – Како Западот го изгуби Истокот“ тој го придобива вниманието на цел свет и затоа за неговата работа има 7 меѓународни документарни филмови. Со над 20 милиони прегледи на YouTube и цитати во најпрестижните академски списанија како Psychology Today тој има остварено многу во сферата на психологијата и психијатријата. Затоа има интервјуа за CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други. Повеќе за него може да се најде и на http://www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html.

Како член на повеќе од 12 меѓународни организациони одбори за конференции по психологија и психијатрија и како уредник во академски списанија, проф. д-р. Сем Вакнин има одржано стотици тренинзи и настани. Сепак, најуникатниот, кој е воедно и единствен во светот, ќе го реализира во Македонија. За повеќе информации како да се стане дел од ова исклучително искуство може да се контактира Асоцијација на менаџери на Македонија на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП