18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХидратацијата – пријател во борбата против хипертензија

Хидратацијата – пријател во борбата против хипертензија

Според последните процени, секој петти човек во светот страда од висок притисок. Оваа болест некогаш се сметаше за болест на старите, но денес таа е сè поприсутна во втората и третата деценија од животот.

Според експертите, проблемите со крвниот притисок кај младите луѓе се должи на фактот дека премногу време поминуваат пред компјутер, немаат физичка активност, јадат нездраво, користат алкохол. Од друга страна, оние кои се вработени се соочуваат со дополнителен стрес и многу часови поминати во иста положба.

Многу е важно да се зборува за проблемот со хипертензија, но исто така и да се истакне колку е важно да се направи сè што треба за да немаме проблеми со срцето. Еден од начините на превенција е редовната физичка активност, но исто така и правилната хидратација. Дури и рекреативното занимавање со спорт или блага прошетка во голема мера ја зголемува животната енергија и го јакне имунитетот на организмот.

Но, секој ангажман мора да биде придружен со редовна потрошувачка на квалитетна вода која ја обновува потрошената енергија, ги регенерира клетките и го зголемува животниот елан.

Имено, со цел да се спречи и лекува хипертензијата, Американското здружение за срце препорачува сите лица (особено хипертоничарите) да ја намалат содржината на натриум (готвење соли) во храната и пијалаците што ги внесуваат, а особено се корисни нискоминералните води кои имаат помалку од 20 милиграми натриум во литар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП