28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНискокалоричните засладувачи корисна замена за шеќерот

Нискокалоричните засладувачи корисна замена за шеќерот

Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на срцето, важно е да се напомене дека здравјето најдобро се чува со умерени количини, без претерување во ништо, па ни во консумирањето храна, а во тоа ни помагаат нискокалоричните засладувачи.

Како што објаснува професорката д-р Будимка Новаковиќ, диететичар на Медицинскиот факултет во Нови Сад, нискокалоричните засладувачи се користат во прехранбената и фармацевтската индустрија, а и како столни засладувачи. Во прехранбената индустрија се користат како замена за шеќер, со цел да се намали енергетската вредност на прехранбените производи или да се создаде нов вид прехранбен производ што може да се користи од страна на луѓе кои не сакаат или од здравствени причини не треба да користат шеќер.

Долготрајната употреба на нискокалорични засладувачи може да биде корисен диетотераписки инструмент во прекумерната телесна тежина и дебелина, во отпорност на инсулин, дијабетес, нарушувања на масни супстанции во крвта и во други болести што се јавуваат од обилна исхрана.

Нискокалоричните засладувачи докажано помагаат во губење на тежината, што, пак, влијае на подобрување на крвниот притисок, крвните триглицериди и кардиоваскуларните болести – додава д-р Новаковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП