21 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДо 2043-та година дебелината ќе го надмине пушењето како причина за рак

До 2043-та година дебелината ќе го надмине пушењето како причина за рак

Дебелината ќе го надмине пушењето како најголема причина за рак која може да се спречи кај жените во Велика Британија до 2043-та година, според извештајот на британскиот Центар за истражување на ракот.

Во моментот 12 проценти од случаите на рак кај жените се поврзани со пушењето, а 7 проценти со дебелина и прекумерна телесна тежина.

Сепак, како што бројот на пушачи се намалува и се очекува раст на бројот на луѓето со прекумерна тежина, Центарот предвидува дека во следните 25 години тој однос ќе се промени.

Според пресметките на Центарот, 10 проценти од случаите на рак кај жените, што е околу 25.000 лица, може да се поврзани со пушењето, а девет отсто, околу 23.000 случаи, со дебелината.

Ако овој тренд продолжи, до 2043-та година дебелината ќе предизвика повеќе случаи на рак отколку пушењето кај жените, пренесува Би-би-си.

Што се однесува до мажите, засега нема такви предвидувања бидејќи во моментот повеќе мажи се пушачи отколку жени.

Иако дебелината е сè поголем проблем кај мажите, се верува дека дебелината кај жените е почест предизвикувач на рак кај оваа популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП