2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМундијалот ќе ја чини Русија повеќе од 15 милијарди евра

Мундијалот ќе ја чини Русија повеќе од 15 милијарди евра

rusijaa

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев објави дека Светското првенство во фудбал во 2018-та година, кое оваа држава ќе го организира чини повеќе од 15 милијарди евра. Оваа сума е двојно поголема од таа што претходно русите ја објавија дека планираат да ја потрошат.

Медведев наведе дека 10 милијарди ќе бидат одвоени од државниот буџет, но не потенцираше од каде ќе бидат набавени останатите пари.

Кога Русија во 2010-та година ја доби организација за Мундијалот, претседателот Владимир Путин изјави дека вкупните трошоци за овој спектакл ќе изнесуваат околу 7.5 милијарди евра, сепак неговите проценки не беа точни.

Светското првенство во фудбал ќе се игра во 11 руски градови од 8-ми јуни до 8-ми јули 2018-та година.

Русите како да имаат проблем со пресметките, затоа што Олимписките игри кои ќе се одржат во Сочи следната година ќе чинат скоро 40 милијарди евра, што е за четири пати повеќе од сумата која тие ја планираа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП