3 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Грците сакаат да прават суперавтомобил

И Грците сакаат да прават суперавтомобил

korex

Во светот има се повеќе ентузијасти кои се обидуваат да направат суперавтомобил. Некои од нив доаѓаат од земји кои имаат слабо развиена автомобилска индустрија или воопшто ја немаат, како на пример Грција.

Димитрис Корес е грчки архитект и пронаоѓач кој има конструирано концепт на спортски суперавтомобил наречен „Korres Project 4“. Станува збор за возило со должина од 3.920 mm, ширина од 1.960 mm и висина 1.250 mm, чие меѓуосовинско растојание изнесува од 2.560 mm, a неговата маса изнесува околу 1.600 kg.

Концептот има прилагодлива суспензија со која растојанието на автомобилиот и земјата може да се подесува доколку е потребно.

Според информациите од Грција овој автомобил е опремен со седумлитарски атмосферски мотор кој развива 376 kW/511 ks и е во можност од 0 дo 100 km/h да забрза за 3.8 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 300 km/h.

Засега не се познати повеќе детали за овој суперавтомобил, а неговата премиера е закажана за следната недела на посебна свеченост која ќе се одржи во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП