17 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАспиринот не влијае превентивно кај здрави лица на возраст над 70 години

Аспиринот не влијае превентивно кај здрави лица на возраст над 70 години

Порано се сметало дека „еден аспирин на ден го чува здравјето”, но најновите истражувања покажуваат дека овој магичен лек и не е толку здрав како што претходно се мислеше. Милиони луѓе од целиот свет пијат лекови за разредување на крвта за да спречат срцеви напади и мозочни удари.

Истражувањето спроведено со 19 000 луѓе покажува дека аспиринот значително не го намалува ризикот од срцев или мозочен удар, дека не влијае на продолжувањето на животот, како и дека не помага да се спречи деменција кај здрави лица на возраст над 70 години.

Професорот Џон Мекнеил, водечки истражувач на Универзитетот Монаш во Австралија, рече дека резултатите покажуваат дека постарите луѓе го земаат аспиринот „непотребно”. Тој предупреди дека добри ефекти на овие лекови не се соодветни за лица со постојните проблеми, како што се срцев удар, ангина или мозочен удар, каде што се препорачува лекот.

Оние што консумираат аспирин превентивно имаат поголем ризик од смрт, а ова е утврдено откако 5,9% од луѓето за време на студијата починале, во споредба со 5,2% лица во групата која го одбегнувала.

Кај пациенти кои земале аспирин, 3,8% страдале од тешко крвавење во споредба со 2,8% кои не го земале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП