2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто кафето кое го пиете кажува за вас?

Што кафето кое го пиете кажува за вас?

kafe11

Пиењето кафе е омилениот утрински ритуал на многу луѓе. Меѓутоа, неодамнешното истражување покажа дека видот на кафето кое најчесто го пиете има врска со вашиот карактер.

Еспресо

espreso1

Ова кафе е брзо и едноставно, а обично го нарачуваат критички настроените лица. Овие лица го менуваат расположението често, нив ги привлекува здравиот начин на живот и често го практикуваат. Тие сакаат да бидат лидери и всушност тоа се и затоа немаат време за некој вид од подолгите кафиња.

Турско кафе

c

Станува збор за минималистичка и кул личност, оваа личност не ги покажува своите чувства така лесно и не е драматична. Овие личности се склони на промената на расположението, најмногу сакаат дружење од типот еден на еден и не практикуваат дружба со многу лица. Овие лица се смирени, но имаат голема желба да се натпреваруваат.

Кафе со млеко

kafemleko1

На некој начин опасноста во својот живот ја разредуваат слично како што кафето го разредуваат со млекото. Овие личности сакаат да бидат прифатени и сакаат да бидат сакани. Најважна им е безбедноста, но знаат да бидат и многу тврдоглави. Овие лица избегнуваат директни конфликти и прљави работи, тие се посветени на фамилијарниот круг.

Кафе со шлаг

kafeshlag1

Овие лица често се големи позери и глумци. Сакаат да бидат забавни, ја пратат модата и уживаат во комбинациите на облека иако многу не се разбираат, тие сакаат да се истакнат и да бидат видени. Најчесто немаат свое мислење за нештата и не ја разбираат иронијата. Експертите сметаат дека овие лица дури и кафето го пијат за да бидат модери, а всушност не уживаат и не ја разбираат неговата намена.

Безкофеинско кафе или кафе со млеко од соја

ezkofeinsko1

Најчесто се работи за лице кое е загрижено за животната средина, но овие лица се само загрижени, а ништо не превземаат за средината. Тие екпериментираат хранејќи се здраво и се обидуваат да го наметнат својот и за нив нејасен став.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП