27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали аспиринот навистина е корисен?

Дали аспиринот навистина е корисен?

Секојдневното земање на мали дози на аспирин, како што се верува, може да помогне на оние кои преживеале срцев удар, но според едно ново истражување за поголемиот дел од луѓето користа од земање аспирин не ги оправдува ризиците.

Многу луѓе за главоболка и болки во мускулите земаат аспирин, а лекарите веќе долго време препорачуваат на луѓето кои претрпеле срцев удар, секој ден да пијат мала доза на аспирин за да се спречат нови мозочни удари или други здравствени проблеми.

“Јасно е дека луѓето кои преживеале срцев удар или мозочен удар може да имаат корист од аспирин. Ова е многу важно, бидејќи го намалува ризикот од нов мозочен и срцев удар, и може да помогне да се продолжи животот”, вели доктор во болницата Холи Андерсон во Њујорк.

Како дел од новата студија, научниците се сомневаат дали аспиринот може да ги спречи првичните проблеми со срцето.

Резултатите од трите одделни истражувања покажуваат дека ова не е можно, пренесува Глас на Америка.

Во една студија испитани се повеќе од 12.000 пациенти со умерен ризик од срцеви заболувања поради висок крвен притисок и нивото на холестерол или пушење. Резултатите покажале дека аспиринот не им користел, можеби затоа што користеле други лекови кои го намалиле ризикот од срцеви проблеми.

И по истражувањето, чии резултати беа објавени од страна на Европското здружение на кардиолози, советот на лекарите е се уште ист – аспирин најдобро помага на оние кои веќе преживеале срцев удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП