9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин размислува да додели исклучителна финансиска помош на Турција

Берлин размислува да додели исклучителна финансиска помош на Турција

Германската влада размислува за обезбедување на вонредна финансиска помош за Турција во позадина на зголемувањето на загриженоста во Берлин дека е можно земјата да западне во финансиска криза, која ќе го дестабилизира регионот. Ова е објавено од германските и европските извори цитирани од „Wall Street Journal“.

Преговорите се уште се во рана фаза, и моментално нема потврда дека тие ќе завршат со грант. Се зборува за мерки кои варираат од европска спасувачка програма, слични на оние кои беа доделувани во пикот на кризата во еврозоната, до конкретни заеми од државни банки за развој и билатерална помош.

Берлин стравува дека еден евентуален пад на турската економија може да достигне до Европа, до причини за дополнително дестабилизирање на Блискиот Исток, како и последователен имиграционен бран кон Стариот континент.

„Ние би направиле многу за да се обидеме да ја стабилизираме Турција“, рече висок официјален претставник на Германија, според кој неговата земја „нема избор“.

Во исто време, слични се загриженостите и на другите европски влади.

Сепак, се уште е рано да се процени колку ќе и требаат на Турција, бидејќи најголем дел од потенцијалниот ризичниот долг е во приватни раце. Економистите шпекулираат за Аргентина, помала економија во развој која има слични проблеми и доби кредит од 50 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според двајца високи државни функционери во Берлин, германскиот министер за финансии, Олаф Шолт, разговарал за можностите со својот турски колега, Берат Албаирак, на неодамнешните разговори.

Доделувањето на слична помош ќе забележи нов развој во односите меѓу двете држени кои беа блиски сојузници со години, но ги влошија значително односите со постојаното авторитативно управување на претседателот Реџеп Ердоган. Новото затоплување е забележано во последниве месеци поради општата закана од американската економска политика и шефот на државата Доналд Трамп.

Извештаите за можна програма за спасување, исто така, беа потврдени од високи европски извори, но тие инсистираа на тоа ММФ, исто така, да биде вклучена во таков случај. Други опции вклучуваат заем од Европската инвестициска банка или Европската банка за обнова и развој за финансирање на конкретни проекти. Секоја од мерките ќе обезбеди договор од страна на европските земји-членки.

Без вклучување на ММФ, ќе треба да се создадат нови инструменти за кои ќе биде потребен консензус од страна на ЕУ, истакнува еден од изворите на Германија.

Главната загриженост на Берлин е дека евентуалната финансиска криза во Турција може да ја попречи примената на миграцискиот договор со ЕУ, во рамките на кој Анкара го запира протокот на бегалци и мигранти кон Европа во замена за дополнително финансирање.

Падот на цената на турската лира, која загуби околу 40% од цената во однос на доларот од почетокот на годината, доведе до забрзување на инфлацијата и наметна дополнителен притисок врз компаниите и граѓаните, кои имаат кредити во странска валута. Во исто време, заканата од евентуално неисполнување на обврските на кредитите е во висина на турските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП