19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот работат околу 150 милиони деца

Во светот работат околу 150 милиони деца

deca

Околу 150 милиони деца на возраст од 5 до 14 години во целиот свет се принудени да работат. Овие податоците се на организацијата УНИЦЕФ, која на Светскиот ден за борба против детскиот труд потсетува дека најлошите форми на работа се опасни за детското здравје и развој.

Многу деца стануваат жртви на сиромаштијата и поради тоа се принудувани да се грижи за помалите браќа и сестри или за целото домаќинство, ако нивните родители се во странство или неможат да работат. Често тие немаат пристап до образование. Во најголем дел, сепак детскиот труд е скриен.

Според податоците на Меѓународната организација на трудот над 7 милиони деца во светот се ангажирани како домашни слуги.

МОТ повикува на сериозни меѓународни регулативи, иако е тешко да се биде регулирана работа која се врши во сопствениот дом.

„Детето работи, но не се смета за работник. А иако живее во семејни услови, не е и дел од семејството. Потребна ни е построга законска рамка за да можеме јасно да го утврдиме, да го спречиме и да го елиминираме детскиот труд во домашна средина и да се обезбеди пристоен живот за младите“, вели Констанс Томас од МОТ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП